Онлајн Сервисна Служба

Здружението за асистивна технологија „Отворете ги прозорците“, со цел да овозможи континуитет во својата работа со децата со попреченост за време на пандемијата со Ковид-19, во партнерство со УНИЦЕФ и Министерството за труд и социјална политика, во април 2020 година ја креираа платформата Онлајн сервисна служба, на која стручни лица од Здружението „Отворете ги прозорците“, „Креатива Исток“ и „Логомедикус“ нудат високо-квалитетна и индивидуализирана едукација за деца со попреченост.

Преку платформата се испорачуваат четири вида услуги за децата, и тоа: индивидуализирана поддршка за користење компјутер и интернет, рана стимулација на развојот, логопедски услуги и советодавно-консултативна поддршка за родители/старатели. При давањето на услугите се применува пристапот насочен кон личноста (person-centered approach), пристап со кој акцент се става на најдобриот интерес за детето-корисник и неговиот личен развој.