ИЗВРШНА КАНЦЕЛАРИЈА

Маргарита Гулевска

извршна директорка

Прочитајте повеќе

Маргарита Гулевска, извршна директорка

Дипломиран филолог. Има повеќегодишно искуство во граѓанскиот сектор. Таа е активно вклученa во развој, водење и спроведување проекти поврзани со употребата на асистивната технологија, инклузија на ученици со попреченост во образованието и обезбедување услуги во заедницата. Има искуство во подготовка на организациски планови и извештаи, испорака на обуки и истражувања. Учествувала во истражувања за потребата од асистивната технологија во образованието. Автор и ко-автор на неколку публикации и анализи од областа на асистивната технологија и соработката меѓу граѓанскиот сектор и медиумите.

Во „Отворете ги прозорците“ е од јуни 2006.

М-р. Радмила Стојковска Алексова

раководителка на Центар за асистивна технологија

Прочитајте повеќе

М-р. Радмила Стојковска Алексова

Радмила е раководителка на Центарот за асистивна технологија при Отворете ги прозорците. Долгогодишната работа во здружението и активното вклучување во проектните и активностите на сервисната служба, го надградуваат нејзиното првично образование од областа на специјална едукација и рехабилитација.

Таа е обучувач, автор на повеќе прирачници и публикации од областа на инклузивно образование и асистивна технологија, но и активен учесник и спроведувач на истражувања во оваа област. Радмила има искуство и како предавач по предметот Асистивна технологија, на Државниот универзитет во Тетово, за студентите од групата на специјална едукација и рехабилитација.

М-р. Maрија Велиновска Велковска

СПЕЦИЈАЛЕН ЕДУКАТОР И РЕХАБИЛИТАТОР

Прочитајте повеќе

М-р. Maрија Велиновска Велковска

Марија (специјален едукатор и рехабилитатор) е дел од тимот на Отвортете ги прозорците од 2012 година. Од самиот почеток е вклучена во директна работа со корисници на центарот каде што дава индивидуална поддршка на лица со различен тип на попреченост, поддршка на наставниците и на семејствата. Практичното искуство во центарот и можноста да се применат различни асистивни средства со голем број на корисници и овозможува вклучување и во проектни задачи. Таа е креатор на обуки и обучувач во областа на асистивна технологија и инклузивно образование. Дел е и од истражувачки тим кој работи во истата област. Марија има искуство и во креирање на пристапни едукативни содржини за деца со различен тип на попреченост. Искуството го пренесува и во повеќе работни групи кои работат на развој на пристапен едукативен софтвер.

Данче Тодоровска

специјален едукатор и рехабилитатор

Прочитајте повеќе

Данче Тодоровска

Данче Тодоровска е специјален едукатор и рехабилитатор кој од 2016 година работи во својот професионален домен со корисници со различен вид на посебни образовни потреби (попреченост). Има повеќегодишно искуство во рана интервенција и сензорна итеграција, а учествувала и во образовниот процес како асистент. Таа ентузијастично се насочува кон надоградување на своите професионални вештини со цел да им понуди на лицата со попреченост алтернативни начини за полесно функционирање во секојдневниот живот.

Драгана Дојчиновска

логопед

Прочитајте повеќе

Драгана Дојчиновска

Драгана Дојчиновска работи како клинички логопед во Центарот за асистивна технилогија од декември 2017 година.  Вклучена е во директна работа со корисниците кои ја добиваат поддршката преку стандарден начин на работа но и преку асистивната технологија. Целта на ваквата поддршка е развивање на говор, подобрување на комуникација и правилна артикулација на гласовите.

Ана Китановиќ

специјален едукатор и рехабилитатор

Прочитајте повеќе

Ана Китановиќ

Ана Китановиќ е специјален едукатор и рехабилитатор која веќе четиринаесет години работи во својот професионален домен со корисници кои се соочуваат со различен вид на попреченост. Таа е дел од тимот на Центарот за асистивна технологија од 2024 година каде своите знаења и вештини ги насочува кон обезбедување на најквалитетна поддршка секогаш водејќи се од потребата и најдобриот интерес на корисниците.

Владимир Јаќимовски

финансии и администрација

Прочитајте повеќе

Владимир Јаќимовски

Владимир Јаќимовски е во „Отворете ги прозорците“ од почетокот на 2020 година, како соработник за финансии и администрација. Тој ја води тековната финансиска и административна евиденција, учествува во подготовка и следење на буџетите, финансиските извештаи, планови и цели на здружението.

Соња Мишковска

Координатор за финансии

Прочитајте повеќе

Соња Мишковска

Дипломиран економист во Здружението Отворете ги прозорците е ангажирана од почетокот на 2025 година на работно место Координатор за финансии кој своето досегашно долгогодишно работно искуство на раководни позиции во областа на финансиите успешно го имплементира во Секторот за финансии преку преку реализација на финансиските планови и цели на Здружението.