Инклузија на децата со посебни образовни потреби

Овој проект се реализира со финансиска поддршка од Детска Фондација Песталоци во времетраење од јануари, 2020 до декември 2022 година.  Цел на проектот е децата со посебни образовни потреби активно да учествуваат во општеството, и да имаат подобрен квалитет на живот и подобри образовни можности. Очекувани резултати од овој проект се следните:

  • 300 ученици со посебни образовни потреби, од 10 основни училишта, лоцирани во пет општини да добијат пристап до квалитетно образование;
  • Да се подобри законска регулатива и механизми за инклузивно образование кое ги зема во предвид потребите на сите ученици;
  • Да се зајакнат капацитетите на училиштата, ресурсните центри, центрите за поддршка, сервисните служби, општините и пошироката локална средина за поддршка на инклузиа на децата со посебни образовни потреби;
  • Да се креираат индивидуални модели на инклузија во пет општини согласно ресурсите со кои располагаат општините;
  • Да се зајакнат капацитетите на идните наставници како и професионалните компетенции на училишниот персонал за спроведување инклузивно образование.