Оглас за вработување специјален едукатор и рехабилитатор во Здружението за асистивна технологија „Отворете ги прозорците“ – Скопје

Здружението за асистивна технологија Отворете ги прозорците – Скопје објавува оглас за вработување специјален едукатор и рехабилитатор за отворена позиција во проектот: Инклузија на деца со посебни образовни потреби, поддржан од Детската фондација Песталоци.

Работни задачи:

· Поддршка на основни училишта во имплементација на концептот на инклузија и креирање еднакви можности за учество и образование за ученици со посебни образовни потреби (ПОП) преку:

  • – индивидуална поддршка на основни училишта во процесот на процена на нивните потреби за подобрување на пристапноста, јакнење на компетенциите на наставниците за работа со ученици со ПОП и организирање на настани за прибирање средства;
  • – менторска поддршка на наставници и претставници на инклузивни училишни тимови за креирање инклузивна средина;
  • – учество во организирање и спроведување на обуки поврзани со child centered approach и универзален дизајн;
  • – учество во организирање и спроведување на работилници за јакнење на компетенциите на учениците и родителите за концептите на инклузија, детски права, интеркултурализам и еднакви можности за момчиња и девојчиња;
  • – следење, евидентирање и документирање на ефектите од спроведувањето на проектните активности во училиштата;

· Поддршка на локални самоуправи за примена на концептот на инклузија и создавање на локална заедница која е сензитивизирана за различните потреби на своите граѓани преку:

  • – учество во менторска поддршка на локалните самоуправи за примена на концептот на инклузија;
  • – учество во подготовка и спроведување локални настани за јакнење на свесноста за концептите на инклузија, детски права, интеркултурализам и еднакви можности за момчиња и девојчиња;
  • – учество во следење, евидентирање и документирање на ефектите од спроведување на проектните активности во локалните самоуправи;

· Поддршка на основните училишта со ресурсен центар и центрите за поддршка во процесот на обезбедување услуги на локално и наионално ниво преку:

  • – учество во обезбедување менторска поддршка при креирање и спроведување обуки за наставници и услуги за ученици;
  • – учество во следење, евидентирање и документирање на спроведените активности;

· Поддршка во административни  и логистички работи поврзани со проектот преку:

  • – Изработка, пополонување и следење на календари со активности за различни чинители вклучени во проектот;
  • – Изработка на записници/извештаи од настани, средби и активности;
  • – Учество во организирање, спроведување и документирање настани поврзани со промоција на проектот и активностите во него, и
  • – Учество во пополонување квартални и годишни извештаи за проектот.

· Едукаторот ќе добие можност да биде во комуникација со корисниците на Центарот за асистивна технологија, да дава совети и консултативна поддршка на нивните родители, наставници, работодавачи и/или други стручни лица кои работат со корисниците и да ја промовира работата на Центарот за асистивна технологија.

Потребни квалификации:

· завршено високо образование и стекната диплома (стручна подготовка од VII степен на образование) од областа на специјалната едукација и рехабилитација;

· активно познавање на англиски јазик;

· напредно познавање на работа на компјутер;

Претходно искуство во следните области:

· следење на концептот на инклузија и на образовните политики и трендови во земјата;

· работа со деца и возрасни со различен тип попреченост и/или посебни образовни потреби;

· соработка со родители, наставници, претставници од училишни инклузивни тимови, и

· учество во проектни активности.

Сите заинтересирани кандидати/ки, своите кратки биографии и мотивациони писма да ги испратат, најдоцна до петок, 7.6.2024 година  на следната адреса: vjakjimovski@openthewindows.org.