Повик за грант за креирање образовни апликации или наставно-дидактички ресурси за поддршка на инклузивното образование

Здружението за асистивна технологија „Отворете ги прозорците“ во рамки на проектот „Инклузија на децата со посебни образовни потреби“ објавува повик за доделување грант за креирање образовни апликации или наставно-дидактички ресурси за поддршка на инклузивното образование.

Подобни за аплицирање на овој повик се сите факултети што имаат склучено меморандум за соработка со Здружението „Отворете ги прозорците“ во склоп на проектот „Инклузија на децата со посебни образовни потреби“.

Кликнете овде за да го преземете документот со деталите за повикот.
Кликнете овде за да го преземете формуларот за апликација.
Кликнете овде за да го преземете анекс 1: план за реализација на грантот.