Здружението за асистивна технологија „Отворете ги прозорците“ објавува повик за истражувач експерт за изработка на методологија и спроведување на истражување за имплементацијата на Законот за основно образование, во делот на модифицирана програма за ученици со комплексна попреченост.
Повикот е во рамки на проектот Инклузија на деца со посебни образовни потреби, спроведуван од Здружението за асистивна технологија Отворете ги прозорците со поддршка од Детската Фондација Песталоци. Проектот има за цел да изгради поволна клима, којашто ќе овозможи квалитетно образование за децата со посебни образовни потреби.
Повикот е отворен до 26 април 2024 година.
Кликнете овде за да го преземете документот со деталите за повикот.