(продолжен рок за аплицирање) – Здружението за асистивна технологија Отворете ги прозорците – Скопје oбјавува оглас за вработување на: Раководител/ка на проект

Контекст и општ опис
Здружението за асистивна технологија Отворете ги прозорците, од 2020 година го
имплементира проектот „Инклузија на деца со посебни образовни потреби“ поддржан од
Детската фондација Песталоци.

Проектот работи на поддршка на инклузијата во заедницата преку различни активности
кои вклучуваат директна техничка и професионална поддршка на: а) националните власти
во подобрување на законодавството во областа на инклузијата, б) на факултетите во
ревидирање на нивните програми за да го вклучат концептот на инклузивно образование,
како и в) на локалните заедници во создавањето модел на инклузивна локална средина.
Проектот работи со 24 редовни училишта, 5 училишта со ресурсен центар, 8 центри за
поддршка од 12 општини.

Соработката со училиштата опфаќа зајакнување на професионалните капацитети на
кадарот преку обука за поддршка и подобрување на инклузијата на сите деца, како и
нивно опремување со асистивна технологија и дидактички помагала за обезбедување
еднакви образовни можности. Преку проектот се воспоставува и соработка со бизнис
заедницата со цел нивно учество во процесот на создавање инклузивна училишна
средина, преку подготовка на училиштата за спроведување активности за собирање
средства.

Потребни компетенции, вештини и квалификации на раководител/ката
Клучни компетенции

  • Комуникација и одржување релации со релевантни чинители.
  • Раководење со проектен циклус: искуство во проектно планирање и
    имплементација.
  • Познавање на контекстот: длабоко познавање на образовните политики кои ги
    засегаат децата со посебни образовни потреби и инклузијата.
  • Иновација: отвореност за креативни решенија и нови методологии.

Технички вештини

  • Софтвер за управување со проекти: Познавање алатки како MS Outlook & MS
    Teams, Project.
  • Алатки за анализа на податоци: Познавање на Excel и софтвер за обработка на
    податоци.
  • Административни вештини: Експертиза во изготвување програмски документи
    вклучувајќи меморандуми за соработка, отворени повици, формулари за
    апликација, записници, и извештаи.
  • Алатки за презентација: Познавање на Power Point или сличен софтвер.

Меки вештини

  • Одлична вербална и пишана комуникација:.
  • Лидерство: Способност за делегирање задачи и надгледување процеси.
  • Управување со времето: Ефикасно планирање и одредување приоритети.

Квалификации

  • Завршено високо образование (стручна подготовка од VII степен образование),
    или магистерска диплома во општествена област.
  • Најмалку 7 години искуство во координација или управување со проекти
    финансирани од меѓународни и домашни донатори.
  • Одлично познавање на англиски јазик, а познавањето на други локални јазици
    ќе се смета како дополнителна вредност при изборот.

Проектно планирање и спроведување

  • Изготвување детални планови за проектни активности, во координација со
    проектниот тим.
  • Делегирање задачи.
  • Следење на процесот на спроведување на активностите.
  • Предвидување ризици.
  • Разгледување и одобрување на алатките за имплементација и следење.

Управување со финансии

  • Следење и обезбедување стапка на реализација на буџетот.
  • Одобрување и иницирање на плаќањата.
  • Одобрување договори за донации.

Раководење со засегнати чинители

  • Организирање состаноци со релевантните чинители.
  • Подготвување меморандуми за соработка и други програмски документи и
    обезбедување комуникација со сасегнати чинители.
  • Одржување редовни состаноци со засегнатите страни во проектот.
  • Развивање програми за обуки.
  • Проценки на потребите за градење капацитети на наставниците, родителите и
    стручните тимови на училиштето.

Обука и градење капацитети

  • Развивање сеопфатни планови за обука.
  • Назначување и супервизија на членовите на тимот за обука.
  • Подготвка и испорака на дел од обука.

Мониторинг, Известување, и Евалуација

  • Фасилитирање на редовни состаноци со проектна работа група.
  • Развивање на планови за мониторинг и алатки за имплементација.
  • Прегледување на извештаите и анализирање на податоците од работилниците,
    следењето и менторските посети на терен.
  • Соработка со тимот за евалуација за непречено извршување.
  • Завршување на задачите поврзани со активностите за евалуација.

Работниот ангажман би започнал од 1 февруари 2024 година. Работникот/чката ќе биде
ангажиран/а 32 часа во неделата.

Насоки за аплицирање
За да аплицирате, ве молиме испратете ваша кратка биографија (CV) и мотивациско писмо
на следнава е маил адреса: vjakjimovski@openthewindows.org со наслов „Координатор/ка
на проект“, најдоцна до 2 јануари 2024 година.