Во текот на летниот период отворивме повик за да ги поттикнеме факултетите, кои се дел од проектот проектот „Инклузија на деца со посебни образовни потреби“ поддржан од Детската фондација „Песталоци“, да ги насочат своите стручни, научни и технички капацитети кон иновативни решенија за креирање ресурси и апликации што ќе ја збогатат средината за учење и развој на сите деца. Во септември, заинтересираните факултети имаа можност да ги презентираат своите предлог-решенија на онлајн настан за презентација и бранење на идеите. Комисијата по детално разгледување одбра две решенија кои се добитници на грантови.
Победничките идеи доаѓаат од Педагошкиот факултет Св. Климент Охридски од Скопје – Наставно-дидактички ресурси – Интерактивен прирачник за наставниците/стручните соработници со содржини и методологија за реализација и поддршка на инклузивната настава и Факултетот за информатика од Штип – Волшебно огледало.
Со проектот „Инклузија на деца со посебни образовни потреби“ поддржан од Детската фондација „Песталоци“ делуваме на повеќе нивоа со цел поддршка на инклузивната настава во основните училишта.
Благодарни сме на сите кои аплицираа на овој повик и секојдневно својата експертиза ја насочуваат кон креативни, иновативни и универзални решенија кои ќе ја олеснат наставата за секое дете.