SKATE

Проектот SKATE има за цел да влијае на квантитетот и квалитетот на инклузивно рано детско образование во земјите вклучени во проектот (и пошироко), преку генерирање на знаење за соодветна употреба на дигитални и претежно иновативни технологии во образованието за рано детско образование и со ширење на ова знаење преку мултипликативни настани и публикации.

Проектот одговара на потребите на европските “EГРД”( Едукација и грижа за раното детство) наставници за поддршка на иновативната технологија како ресурс за инклузивно образование и Скејт проектот ќе распореди иновативни ресурси од теренското искуство на центрите за асистивна технологија, ЕУ и националните политики кои поттикнуваат преземање на дигитални технологии во инклузивно образование и широко искуство на организациите учеснички. Комбинираjќи ги овие аспекти, проектот СКЕЈТ (Вештини и знаење за (асистивната) технологија во инклузивното образование во рано детство) ќе ги спроведува и ќе ги постигне следниве цели:

1. Потикнување нови вештини и знаења на наставници / едукатори за соодветна употреба на технологија / дигитални решенија за создавање на сè поинклузивна средина за учење (но не и технологијата како цел сама по себе и по секоја цена);

2. Да се зголеми квалитетот на EГРД, како што е испорачан од партнерите и другите училишта преку промовирање на рана интервенција врз основа на потребите, со соодветна асистивна технологија за деца со посебни потреби или со ризик од исклучување (никој да не се остави зад себе).