Говорко

Апликацијата „Говорко“ е наменета за деца со попречености во говорот, но не е исклучена и можноста за употреба од страна на возрасни, доколку сметаат дека им користи. Изработена е во Android Studio, може да се употребува на уреди, паметни телефони/таблети, кои функционираат на Android оперативен систем. Првичната верзија на апликацијата е изработена од Ѓорѓи Смилевски, а оваа верзија од Валерија Младеновиќ и Марија Гроздановска во соработка со здружението „Отворете ги прозорците“, под менторство на професорот Бранислав Геразов.

Оваа апликација има функција на алатка, комуникатор, која би му овозможила на корисникот основна комуникација со околината .При употребувањето на апликацијата кориснкиот може, но не е задолжително, да ги внесе неговите лични податоци, како слика, име и презиме, адреса и телефонски број. Апликацијата е поделена во две нивоа, со тоа што второто ниво содржи повеќе зборови од првото. Корисникот може да избере во кое ниво ќе го користи комуникаторот. Принципот на работа е таков што и во двете нивоа постојат полиња поделени во категории и во секоја од тие категории има множество од зборови. Секој збор е објаснет со текст и со симбол/слика (во зависност од изборот на корисникот), со притискање на текстот или симболот/сликата, се активира предснимена говорна порака од истиот збор. Исто така, корисникот може да се избере дали зборовите ќе бидат изговорени со машки или женски глас. Во иднина е планирано оваа поделба да се разграни и апликација да работи со повеќе гласови и тоа детски, возрасен глас или робот.

За да ја симнете оваа апликација на Play Store кликнете го линкот во продолжение: https://play.google.com/store/apps/details?id=com.feit.ukim.edu.govorkoapp&fbclid=IwAR23LGfbs59U658S7pKEtw5_FNPOjqDE6aDHVDZn07d_yE_vHi1pUC9xHAc