Здружението за асистивна технологија Отворете ги прозорците – Скопје објавува оглас за вработување на двајца специјални едукатори и рехабилитатори.
Дефиниција/Цел на работното место:
Едукаторот работи директно со корисниците на Центарот за асистивна технологија, дава совети и консултативна поддршка на нивните родители, наставници, работодавачи и/или други стручни лица кои работат со корисниците и ја промовира работата на Центарот. Учествува во проекти за поддршка на инклузијата во општеството и промовирање на асистивната технологија.
Работни задачи:
- директна работа (индивидуална и групна) со корисници на различна возраст и со различен тип попреченост;
- проценка на потребите на секој корисник од асистивна технологија и прилагоден софтвер;
- изработка на индивидуална програма за работа на компјутер со корисникот во Центарот, во функција на личниот развој на корисникот;
- следење и евиденција (документирање) на напредокот и постигнатите резултати на корисникот за време на работата во Центарот;
- изработка на евалуација за постигнувањата на корисникот согласно индивидуалната програма за работа;
- комуникација со родителите/старателите на корисниците (деца и млади) и ги информира за напредокот и потешкотиите на корисникот во работата во Центарот;
- советување и консултативна поддршка на родителите, наставниците, работодавачите и/или други стручни лица кои работат со корисникот во поглед на работа на компјутер и користење интернет надвор од Центарот;
- учество во проекти за промовирање и воведување на асистивната технологија во различни сфери од општественото живеење на лицата со попреченост, односно проекти за поддршка на инклузијата.
Потребни квалификации:
- завршено високо образование и стекната диплома (стручна подготовка од VII степен на образование) од областа на специјалната едукација и рехабилитација;
- активно познавање на англиски јазик;
- напредно познавање на работа на компјутер;
- Претходно искуство во следните области:
- работа со деца и возрасни со различен тип попреченост;
- проценка на способности;
- изработка на индивидуална програма, следење и евидентирање (документирање) на забележаните промени и евалуација на индивидуални постигнувања;
- учество во проектни активности.
Припадници на етничките заедници се охрабруваат да аплицираат на огласот.
Сите заинтересирани кандидати/ки, своите кратки биографии и мотивациони писма да ги испратат, најдоцна до среда, 26.05.2021 година на следната адреса: vjakjimovski@openthewindows.org.