Нашите специјални едукатори Ана и Марија, за време на вчерашната работилницата на тема “Вежбаме за подобар развој”, заедно со родителите спроведоа различни активности со цел подобрување на концентрација и тактилна дискриминација.
Цел на оваа работилница беше подобрување на развојот на визиомоторната координација и билатерална интеграција, како и за графомоторна репродукција и релаксација на децата. На динамичен и забавен начин преку игри со бои, букви и броеви, децата кои беа учесници активно решаваа проблеми и го збогатуваа нивниот речник!
Ознаката за доверба значи препознатливост во заедницата како доверлив партнер кој работи за јавниот интерес, зголемена транспарентност и отчетност на граѓанските организации. Здружението „Отворете ги прозорците„ е една меѓу трите граѓански организации во нашата земја која ја има честа и со гордост ја носи оваа ознака која ни беше доделена во 2018-та година.