Преку проектот „Инклузија на децата со попреченост во предучилишното образование“ поддржан од канцеларијата на УНИЦЕФ а спроведуван од здружението за асистивна технологија „Отворете ги прозорците“ беше локализирана апликацијата C-board (Си борд) на македонски и албански јазик.
C-board (Си борд) е бесплатна апликација која ја олеснува комуникацијата на децата и возрасните кои имаат потешкотии во говорот. Апликацијата како еден вид на комуникациска табла овозможува употреба на синтетизиран говор со кој корисниците полесно ќе можат да се изразат и да споделат кои се нивните потреби, интереси или пак активности. Оваа апликација е еден вид на средтство за алтертнативна и аугументативна комуникација и истата е наменета за користење од страна на самото лице со потешкотии во говорот и комуникацијата но и од страна на воспитувачките, наставниците, родителите и пошироката околина.
На овој линк можете да го најдете упатството за користење на апликацијата, на најдолниот дел од категоријата/страницата.