Со поддршка од УНИЦЕФ преку проектот „Инклузија на децата со попреченост во предучилишното образование“, во соработка со Факултетот за електротехника и информатички технологии и надворешни консултанти беше изработен првиот женски компјутерски глас за македонски јазик (text to speech) наречен Сузе.
Овој глас примарно е креиран за потребите на апликацијата Сиборд (Cboard), којашто претставува напреден комуникатор за невербални деца или деца со отежнат говор.
За компјутерите со оперативниот систем „Виндовс/Windows“ потребно е да се преземе гласот Сузе од следниот линк. Напоменуваме дека некои антивирусни програми може инсталацискиот фаел лажно да го детектираат како вирусна закана за вашиот персонален компјутер. Оваа тревога е непотребна, така што исклучете ја антивирусната програма на вашиот компјутер додека го преземате и инсталирате самиот глас, а потоа вклучете ја слободно.
Овој глас е достапен и за андроид-уреди и може да се преземе од ПлејСтор (PlayStore) на овој линк.
По инсталација на гласовите потребно е нивно конфигурирање за тие да зборуваат на вашиот компјутер. Конфигурирањето за користење на овој глас за оперативниот систем андроид може да го направите според насоките во ова видео упатство.