Потпомогнатата комуникација како метод во раната интервенција — теориски исходи и практични искуства

Со поддршка од канцеларијата на УНИЦЕФ во Северна Македонија Здружението за асистивна технологија „Отворете ги прозорците“ направи превод на македонски јазик и на албански јазик на учебникот „Потпомогната комуникација како метод за рана интервенција – теориски исходи и практични искуства“.

Учебникот кај нас може да биде користен како дополнителна стручна литература за наставници и стручни соработници што се веќе во работен однос, односно за студентите по специјална едукација и рехабилитација, логопедија и слични сродни научни гранки. Во неговото пишување учествуваат поголем број експерти од Хрватска и други западни држави во кои алтернативната и аугментативната комуникација има подолга практична примена, па затоа се надеваме дека ќе биде од полза за сите наши стручни лица, но и за оние што само сакаат да го обогатат своето знаење во врска со алтернативната и аугментативната комуникација и нејзината примена во најраната возраст на децата.

Преведената верзија на учебникот е достапна во Open Access (CC BY-NC-ND) и не смее да се користи за комерцијални цели, односно да се вршат какви и да е модификации и адаптации на учебникот без претходна писмена дозвола од авторите и издавачот.