Тастатурата со големи копчиња и мониторот се замена за молив и тетратка

В.Р. е ученичка во трето одделение и има 9 години. Таа има потешкотии во делот на движењето и говорот, поради телесната попреченост, но тоа не ја спречува да пристуствува на сите наставни часови. Поради потешкотиите во говорот потребно и е подолго време за да одговори на одредени прашања, но таа успешно ги прифаќа наредбите и ги почитува правилата во училницата. Доброволно доаѓа на училиште.

Таа доаѓа на училиште со нејзината мајка. Најголема потешкотија за неа е читањето и пишувањето. Дополнтелно, В. носи очила и има потреба од зголемување на објектите за да може полесно да ги забележи. Пишувањето на стандарден начин е отежнато поради потешкотиите да држи молив во рака. Таа има и краткотрајно внимание доколку и се презентираат содржини на класичен начин. 
Вклучувањето на нашето училиште во проектот Инклузија на деца со ПОП, кој го реализира Отворете ги прозорците со поддршка од Детската Фондација Песталоци е особено значаен за нас и за нашите ученици. Благодарение на донираната асистива технологија В. пишува самостојно. Таа може да пишува најдобро и најсоодветно на овој начин. Преку добиените едукативни игри од Отворете ги прозорците, В. ги научи буквите и броевите на албански јазик и може самостојно да напише краток збор и да прочита кратки зборови и слогови. Преку добиениот екран на допир таа со помош на математичкиот софтвер успева да поврзува број со соодветна количина, а ги научи и геометриските форми, именува животни, бои, големини. 
Овој проект ни помогна да бидеме поуспешни во комуникацијата со бизнис заедницата. Направивме краток филм во рамки на фандрејзинг активностите преку кој успеавме да допреме до компаниите од нашата средина и да направиме адаптиран тоалет кој се наоѓаведнаш до училницата во која учи В. Таа сега е самостојна и во делот на изведувањето на овие активности. Нашите иницијативи продолжија и понатаму: нашето училиште обезбеди бесплатен превоз за неа. Со сите направени промени уште повеќе ја зголемивме нејзината желба за доаѓање во училиште.
Нејзината учителка вели: „Работата со В. е посебно задоволство, бидејќи таа е многу мила ученичка и изразува голем интерес за работа. В. сака да се дружи  со своите другари. Таа не може да се движи самостојно и има потреба од поддршка. Ги почитува правилата и се однесува соодветно во училиште. Потребна и е поддршка во извршување на писмените задачи. Благодарение на тастатурата можам да ја вклучам на часовите, активно како и останатите ученици.“
На оваа изјава се надоврзува и родителот кој истакна: „Соработката со инклузивниот училишен тим започна со запишувањето на В. во прво одделение. В. е подеднакво прифатена од наставникот, училишната служба и другите ученици во одделението. За неа се организирани различни работилници од страна на стручната служба од училиштето со цел таа да се чувствува прифатено во својата училница. Прилагодувањето на материјалите и алатките е направено според условите и можностите што ги има училиштето. Како родител на В. многу сум задоволен од работата на наставничката и училишната служба за постигнувањата на девојчето. Таа веќе знае некои од буквите и броевите и ги пишува истите со помош на тастатурата. Му благодариме и на Здружението за асистивна технологија „Отворете ги прозорците“ што и овозможи на В. компјутер за да работи дома, како и други алатки што ги користи на училиште. Училиштето во соработка со здружението им обезбеди и на учениците со посебни образовни потреби, посебен тоалет со потребните услови.“