Проект: „Инклузија на деца со посебни образовни потреби“ поддржан од Детската Фондација Песталоци

Здружението за асистивна технологија Отворете ги прозорците, од јануари 2020 година започна со реализација на проектот „Инклузија на деца со посебни образовни потреби“. Овој проект се спроведува со поддршка од Детската Фондација Песталоци и ќе трае до декември, 2022 година.

Проектот делува на поттикнување на инклузијата во заедницата преку различни активности кои вклучуваат директна техничка и стручна поддршка на националните власти во подобрување на легислативата во делот на инклузија, поддршка на факултетите во ревизија на нивните програми и вклучување на концептот на инклузија, како и поддршка на локалните заедници во креирање модел на инклузивна локална средина. Во делот на локална поддршка, проектот интенивно реализира активности со 10 основни редовни училишта и пет училишта со ресурсен центар/центри за поддршка локализирани во пет општини (општина Центар, Штип, Велес, Битола и Тетово).

Соработката со училиштата вклучува јакнење на професионалните капацитети на кадарот преку обуки за поттикнување и подобрување на инклузивноста на сите деца, како и опремување со асистивна технологија и дидактички помагала за обезбедување на еднакви образовни можности. Преку проектот се воспоставува и соработка со бизнис заедницата со цел нивно учество во процесот на креирање инклузивна училишна средина, преку подготовка на училиштата за спроведување фандрејзинг активности. Досегашната соработка со училиштата, покрај останатите позитивни промени, резултираше со креирање на позитивни приказни преку кои на индивидуално ниво се одрази влијанието од спроведените активности. Се надеваме дека сите заеднички ќе успееме преку овој проект да придонесеме кон креирање на нови успешни приказни.