Ученичката С.Т е ученичка во деветто одделение во посебните одделенија во ООУ„Ванчо Прке“ – Штип. Ученичката е со големо оштетување на видот и умерена интелектуална попреченост. Ученичката С.Т од страна на здружението “Отворете ги прозорците“ доби на користење асистивна опрема: таблет и тастатура со зголемени копчиња со цел да и помогнат во учењето и нејзиниот развој. Ученичката претходно немала можност самостојно да користи ваков вид на опрема и на почеток тешко се снаоѓаше со користењето на истата. Постоеше потреба од континуирана помош и поддршка при ракување и работа со опремата.
Дадената асистивна опрема од страна на здружението “Отворете ги прозорците“ ученичката ги доби на користење во домашни услови. При разговори со родителите доаѓаме до информации дека ученичката активно и спретно ја користи дадената опрема и за неа покажува огромен интерес и мотивираност за нејзино користење.
Употребата на асистивната опрема кај оваа ученичка доведе до значително подобрување на нејзината целокупна состојба што позитивно се одрази на нејзината самоодоверба и мотивација. Во училиштето кај ученичката веќе се забележува дека самостојно може да ја користи асистивната опрема, самостојно ракува со неа и самостајно да ги користи алатките кои ги дозволува опремата. Ученичката со помош на оваа опрема полесно ги совладува наставните содржини примајќи ги визуелно и аудитивно новите информации. Кога наидува на нови поими покажива заинтересираност за осознавање и учење на истите. Со помош на асистивната технологија ученичката ги повторува, ги обновува и ги зголемува своите знаење во рамките на своите индивидуални способности и можности. Со помош на опремата на многу полесен начин ученичката ги совладува математичките поими, форми , броеви, умее полесно да класифицира, ги совладува буквите и се зголеми фондот на зборови и има големо влијание врз нејзината концентрација и внимание.
Со еден збор употребата на оваа опрема значително допринесе за полесно усвојување на наставните содржини, поголеми можности, а со тоа и поголем целокупен напредок кај ученичкатa.