Поставена кутија за донации во супермаркет Viva Fresh Store

Во февруари, беше поставена кутија за донации во супермаркет Viva Fresh Store во населба Топанско Поле. Оваа соработка претставува можност за посетителите на овој супермаркет да ја подржат нашата мисија за свет на рамноправни и активни луѓе кои ја користат технологијата за личен развој, подобрување на квалитетот на животот и за добросостојба на заедницата со попреченост.