Во текот на месец февруари, тимот на Отворете ги прозорците, започна со обуки за три дневни центри. Изборот на дневните центри беше направен врз основа на анкетно истражување и теренски посети, во рамки на проектот „Пилотирање модел за трансформација на дневни центри“.
16 претставници од дневните центри од Прилеп, Кавадарци и Гостивар имаа можност преку првиот модул да се запознаат со асистивната технологија, моделот на проценка на потреби на корисници и да стекнат практични искуства за примена на технологијата и изработка на е-пристапни содржини.

Учесниците високо го оценија квалитетот и содржината на обуката. Во следниот период ќе бидат одржани уште два модули за обука со истите учесници, а целта е на овој начин да се зајакнат нивните капацитети во процесот на креирање услуги за поддршка на децата и лицата со попреченост.
Проектот се спроведува со поддршка од УНИЦЕФ