Тимот на „Отворете ги прозорците“ ги посети ООУ “Коле Канински” и ООУ “Елпида Караманди” во Битола, и одржа дводневна обука за асистивна технологија во рамки на проектот “Инклузија на деца со посебни образовни потреби” со поддршка на Детската Фондација Песталоци. Целта на обуките кои ги оддржуваме во текот на целиот месец во пет општини на територијата на државата е поуспешно спроведување на инклузивното образование.