Посета од ученици во соработка со ПУ „Златан Сремац„

На почетокот на февруари, нашиот центар за асистивна технологија беше домакин на тричасовна посета од страна на триесетина ученици со и без попреченост од 4 држави (Полска, Романија, Турција, Португалија), коишто како дел од Еразмус+ проектот “Together for better” имаа можност да се запознаат со тоа што е асистивна технологија, со каква асистивна технологија располага нашиот центар, како таа се користи и слично. Оваа меѓународна посета беше организирана во соработка со ПУ „Златан Сремац“. Со реализирањето на оваа посета, како и голем број посети од локален карактер со ученици, студенти и други заинтересирани, покажуваме дека „Отворете ги прозорците“ има и отворени врати за секој еден што сака да научи повеќе за асистивната технологија, односно на каков било начин да придонесе кон остварување на нашата мисија.