За време на новогодишните празници, компанијата Outboard Support Hub донира два асистивни уреди – едноставни комуникатори, за потребите на Центарот за асистивна технологија. Овој едноставен уред за комуникација има повеќе примени. Со кликање на тастерот, уредот испушта однапред снимен звук. Звукот лесно може да се промени според потребите на корисникот.
Звуците може да бидат одреден збор, фраза или песна преку кои корисникот може да ги изрази своите чувства. Outboard Support Hub е единствената компанија во Македонија и регионот која нуди различни асистивни уреди за подобрување на секојдневниот живот, како и за подобрување на образовниот процес на лицата со попреченост. Овде ја изразуваме нашата благодарност до нив.