Оглас за вработување на специјален едукатор и рехабилитатор во Здружението за асистивна технологија „Отворете ги прозорците“ – Скопје

Здружението за асистивна технологија Отворете ги прозорците – Скопје објавува оглас за вработување на специјален едукатор и рехабилитатор.

Дефиниција/Цел на работното место:

Едукаторот работи директно со корисниците на Центарот за асистивна технологија, дава совети и консултативна поддршка на нивните родители, наставници, работодавачи и/или други стручни лица кои работат со корисниците и ја промовира работата на Центарот. Учествува во проекти за поддршка на инклузијата во општеството и промовирање на асистивната технологија.

Работни задачи:

  • директна работа (индивидуална и групна) со корисници на различна возраст и со различен тип попреченост;
  • проценка на потребите на секој корисник од асистивна технологија и прилагоден софтвер;
  • изработка на индивидуална програма за работа на компјутер со корисникот во Центарот, во функција на личниот развој на корисникот;
  • следење и евиденција (документирање) на напредокот и постигнатите резултати на корисникот за време на работата во Центарот;
  • изработка на евалуација за постигнувањата на корисникот согласно индивидуалната програма за работа;
  • комуникација со родителите/старателите на корисниците (деца и млади) и ги информира за напредокот и потешкотиите на корисникот во работата во Центарот;
  • советување и консултативна поддршка на родителите, наставниците, работодавачите и/или други стручни лица кои работат со корисникот во поглед на работа на компјутер и користење интернет надвор од Центарот;
  • учество во проекти за промовирање и воведување на асистивната технологија во различни сфери од општественото живеење на лицата со попреченост, односно проекти за поддршка на инклузијата.

Потребни квалификации:

  • завршено високо образование и стекната диплома (стручна подготовка од VII степен на образование) од областа на специјалната едукација и рехабилитација;
  • активно познавање на англиски јазик;
  • напредно познавање на работа на компјутер;
  • Претходно искуство во следните области:
  • работа со деца и возрасни со различен тип попреченост;
  • проценка на способности;
  • изработка на индивидуална програма, следење и евидентирање (документирање) на забележаните промени и евалуација на индивидуални постигнувања;
  • учество во проектни активности.

Припадници на етничките заедници се охрабруваат да аплицираат на огласот.

Сите заинтересирани кандидати/ки, своите кратки биографии и мотивациони писма да ги испратат, најдоцна до сабота, 15.01.2022 година на следната адреса: vjakjimovski@openthewindows.org.