Од магацин до современ кабинет за асистивна технологија

Оваа учебна година посебните одделенија во ООУ „Ванчо Прке“- Штип се транформираа во Центар за поддршка на учењето. Поради недостиг на простории во нашето училиште за опремување на кабинет за асистивна технологија решивме да прилагодиме просторија која беше нефункционална и се  користеше како магацински простор. За оваа потреба сите заедно се вклучивме во расчистување на просторијата и нејзино прилагодување. Потоа во просторијата беше поставена асистивната опрема која претходно беше донирана преку Здружението “Отворете ги прозорците“, поддржано од Детска Фондација Песталоци. Нашето училиште преку спроведување на Фандрејзинг активности и проекти успеа да обезбеди елементи за доопремување на постоечката сензорна соба, на што сме особено горди.

Наставниците кои ќе работат со оваа опрема во претходниот период беа обучени за работа со оваа опрема преку онлајн и практични работилници организирани од Здружението“Отворете ги прозорците“.

Промената која се случи во нашето училиште со опремувањето на овие две простории е значајна и многу позитивна како за учениците од нашето училиште така и за сите инклузирани ученици во нашата општина. Ефектите од користење на опремата е подобрување на вниманието и координацијата,  подобрување на комуникацијата, намалување на стереотипни однесувања, олеснето усвојување на знаења.

Со овој кабинет и сензорната соба, квалитетот на услуги кои ги нуди нашето училиште како Центар за поддршка на учењето значително се подобри и во иднина ќе се постигнуваат многу подобри резултати кај учениците.