Здружението за асистивна технологија „Отвори ги прозорците„ посети 10 училишта од различни градови и тоа Скопје, Тетово, Велес, Штип и Битола и обезбеди 56 таблети и 14 компјутери за ученици со посебни потреби од социјално ранливи семејства со цел да се даде поддркша кон online наставата и поквалитетно образование преку примена на информациски и комуникациски технологии.
Оваа донаторска активност ја организиравме во рамки на проектот „Инклузија на деца со ПОП“, проект поддржан од Детската Фондација Песталоци.