Брошурата за расположливите ресурси за поддршка на раната интервенција и поддршка на системот на алтернативна и аугментативна комуникација во Северна Македонија претставува дополнување на преведениот учебник „Потпомогната комуникација како метод за рана интервенција“ издаден од Загрепскиот универзитет. Целта на оваа брошура е да се надополни учебникот со информации за постоечките системи на рана интервенција и алтернативна и аугментативна комуникација во нашата држава. Брошурата е структурирана во две целини. Во првиот дел се информации за актуелниот систем на рана интервенција и актуелниот систем на алтернативна и аугментативна комуникација што им стојат на располагање на оние за кои се потребни, додека во вториот дел накратко се опишани постоечки ресурси од технолошка, нетехнолошка и финансиска природа што директно го помагаат раниот детски развој, односно влијаат врз прифаќањето на алтернативната и аугментативната комуникација. Брошурата е напишана на едноставен и разбирлив јазик и е наменета за поширока употреба, односно освен за стручни лица, се надеваме дека ќе биде од големо значење и за родителите на децата со или без попреченост, воспитувачките, негувателките и останатиот персонал во градинките. Како и учебникот „Потпомогната комуникација како метод за рана интервенција“ така и оваа брошура е дел од проектот „Инклузија на децата со попреченост во предучилишното образование“, којшто е поддржан од Канцеларијата на УНИЦЕФ во нашата држава.
Брошурата е објавена на нашиот вебсајт во делот Ресурси-Брошури и до нејзе може да пристапите преку следниот линк:
Брошури – Open The Windows