Оглас за вработување Координатор за финансии и администрација во Здружението за асистивна технологија „Отворете ги прозорците“

Здружението за асистивна технологија Отворете ги прозорците – Скопје објавува оглас за вработување на Координатор/ка за финансии и администрација

Работни задачи:

  • Организирање и водење тековна финансиска евиденција (општа и проектна);
  • Организирање и координирање нa тековна администрација;
  • Подготовка на документација за книжење, и редовна комуникација и координација со надворешното сметководсвено биро;
  • Подготовка на годишен организациски буџет за фискалната година;
  • Подготовка и следење на годишен организациски паричен тек;
  • Подготовка на годишен организациски финансиски извештај за фискалната година;
  • Подготовка на буџети за проектите;
  • Подготовка на финансиски планови за проектите;
  • Подготовка на извештаи, документација и координација на активности за надворешна финансиска ревизија на проекти;
  • Следење на буџетите на проектите;
  • Организирање и координирање набавки;
  • Организирање и координирање подготовка на договори, барања, одлуки за потребите на Здружението;

Потребни квалификации:

  • Завршено високо образование (VII степен на образование) од областа на финансии, економски науки, бизнис администрација;
  • Активно познавање англиски јазик;
  • Напредно познавање на Microsoft Office;
  • Претходно работно искуство со финансии и администрација;
  • Претходно работно искуство во граѓански сектор се смета за предност.

Најуспешниот/ната кандидат/ка ќе биде пријавен/а со полно работно време од 40 часа неделно.

Сите заинтересирани кандидати/ки, своите кратки биографии и мотивациони писма да ги испратат, најдоцна до 9 декември, 2022 година  на следната адреса: vjakjimovski@openthewindows.org.