Поддршка од Детската фондација Песталоци

Со голема радост ja споделуваме веста дека на почетокот од оваа година, нашата организација доби финансиска поддршка од Детската фондацијата Песталоци, меѓународна организација за благосостојба на децата која работи за поддршка на децата и младите уште од 1946 година. Нивната поддршка на нашата мисија е многу значајна за нас, и наша должност е да се погрижиме за придобивките од оваа соработка да бидат упатени кон сите деца и млади со посебни образони потреби на кои нашата помош им е најпотребна.

Чест ни е што ја имаме Детската фондацијата Песталоци како наш партнер и со нетрпение ги очекуваме резултатите за кои редовно ќе известуваме.

Тимот на Отворете ги прозорците