Здружението за асистивна технологија Отворете ги прозорците – Скопје објавува оглас за вработување на Соработник/чка за обезбедување фондови од локални донатори
Дефиниција/Цел на работното место:
Работното место Соработник/чка за обезбедување фондови од локални донатори има цел да обезбеди континуирана соработка и поддршка од бизнис заедницата, во насока на подобрување на условите и услугите за корсниците на Центарот за асистивна технологија.
Работни задачи:
- Истражување на потенцијални донатори,
- Креирање силни пораки за привлекување потенцијални донатори,
- Идентификување и контактирање на донаторите,
- Организирање настани и/или кампањи за обезбедување донации од бизнис секторот и од индивидуалци,
- Креирање база со информации за донаторите,
- Евалуација на успехот на спроведените активности за обезбедување на донации, и
- Подготовка на извештаи за донаторите.
Потребни квалификации:
- Завршено високо образование;
- Претходно искуство во обезбедување фондови од локални донатори и организирање донаторски настани
- Одлично познавање на англиски јазик;
- Напредно познавање на работа на компјутер;
- Напредни организациски и комуникациски вештини
Како предност ќе се смета кандидатот/ката да има развиено чувство за работа со лица со попреченост.
Припадници на етничките заедници се охрабруваат да аплицираат на огласот.
Сите заинтересирани кандидати/ки, своите кратки биографии и мотивациони писма да ги испратат, најдоцна до среда, 15.09.2021 година на следната адреса: vjakjimovski@openthewindows.org.