Развој на нови услуги за поддршка на инклузија преку примена на асистивна технологија

Професионалци од петте училишта со ресурсен центар и од осум центри за поддршка се учесници на дводневната обука за „Примена на асистивната технологија како алатка за поддршка на инклузија“. На обуката присутните се запознаа со асистивната технологија, моделот за процена на потребите од технологија, едукативен пристапен софтвер и начини за креирање едукативни содржини. Целта е во склоп на постоечките училишта и центри да се развие нова услуга со која ќе се даде поддршка на инклузијата.


Обуката е дел од проектот Инклузија на деца со ПОП, што Здружението го спроведува со поддршка од Детската Фондација Песталоци.