Јавен повик за прибирање понуди за набавка на асистивна технологија и опрема

Здружението за асистивна технологија ОТВОРЕТЕ ГИ ПРОЗОРЦИТЕ Скопје објавува јавен повик за набавка на асистивна технологија и опрема. Набавката е за потребите на проектот „Инклузија на деца со посебни образовни потреби“ спроведуван од Здружението за асистивна технологија „Отворете ги прозорците“, а поддржан од „Детска фондација Песталоци“.

ред.бр.Име на уред/производСпецификацијаКоличина
1All in one -конфигурација –  монитор на допирДа вклучува најмалку: CPU: Intel Core i5; RAM: 8GB; 512GB SSD9
2Монитор на допирМонитор на допир 10-point Touch Monitor, FHD(1920×1080)1
3ТаблетДа вклучува најмалку: RAM: 6GB; Storage: 128GB; OS: Android 11; Display: 11″11
4Асистивна масаМаса со прилагодлива висина4
5ТраkболСиметрична поставеност на лев и десен клик. Дијаметар на топче >= 4cm USB 2.0 interface and above. Стабилна основа лев и десен клик прстен за scroll33
6ЏојстикЏојстиците се користат како замена за компјутерското глувче за лица кои имаат телесни потешкотии и ограничени движења на рацете. Овие уреди се состојат од една рачка и повеќе тастери. Курсорот се управува со помош на движење на рачката, која се движи во сите насоки, додека тастерите ги заменуваат некои од командите на глувчето (лев клик, десен клик, влечење и сл). Секој Џојстик има барем 6 конфигурабилни копчиња.31
7Издвоен кликИздвоен клик е замена за лев и десен клик од маусот. Големина на површина на кликот >= 6 cm29 (лев и десен клик)
8Тастатура со големи копчиња-шаренаОвие тастатури се предвидени да се користат од страна на лица кои имаат потешкотии со видот или некоја попреченост која го оневозможува користењето на стандардните тастатури, како и од страна на мали деца, како нивна прва тастатура, со цел полесно да ги воочат и научат буквите и бројките. Достапни се со македонска и англиска поддршка. Површина на тастери: 4 цм2, Број на тастери: 84, Поврзување: USB 2.0, Димензии: 460х180х300 мм43
9Тастатура со големи копчиња – со висок контраст (жолто-црна или црно-бела)Димензии: 43х1.4х2.5 cm, Број на тастери: 104, Површина на еден тастер: 2.5 cm2, Поврзување: USB 2.0, Должина на кабел: 1.8 m30 
10Клик за контрола со ногаВид приклучок: USB Можност за конфигурација на различен вид клик Број на педали: 11
11Тастер за комуникацијаОвој единствен уред за комуникација има повеќе примени. Со кликање на обоениот тастер, кој е лесно воочливо, уредот испушта однапред предодреден звук. Тие звуци можат да бидат одреден збор, фраза или песна преку кои корисникот може да ги изрази своите чувства1
12Држач за количкаДвижење во три оски. Можност за монтирање на работна маса или инвалидска количка .4
13Држач за моливиНавлаките за моливи и боички се ергономски дизајнирани и служат како помошно средство за пишување. Тие помагаат за правилно држење на моливот и го олеснува пишувањето (го исправа неправилното држење на моливот, го намалува притисокот на прстите, спречува моливот да се лизга од прстите и сл)100
14Пенкало за читањеМожност за работа во offline mode Можност за скенирање на текст на македонски (кирилица) Можност за пренесување на скенираниот текст на компјутер3
15Time TajmeriГолем тајмер (30 x 30 cm) кој визуелно покажува колку времеостанува за одредена задача. Дури и децата со пречки воразвојот лесно ќе го разберат овој часовник 20
16Екранска лупаКоја може да зголеми и текст и слика1
17Рачна лупаСо робусна кружна глава и асферична леќа која зголемува х 63

Предметот на набавката е делив.

Ве молиме понудите да бидат НАЗНАЧЕНИ до:

Здружение за асистивна технологија ОТВОРЕТЕ ГИ ПРОЗОРЦИТЕ Скопје ул. 11 Октомври бр.52А/1-29 Скопје со назнака за проект Инклузија на деца со ПОП-Детска фондација Песталоци

Понудите треба да содржат:

  • Поединечна цена со ДДВ
  • Вкупна цена со ДДВ
  • Начин на плаќање
  • Период и услови на испорака
  • Гаранциски услови

Со избраниот добавувач / добавувачи -поединечно со секој ќе се склучи договор за регулирање на меѓусебните права и обврски.

Доколку понудата содржи услови на плаќање – авансно плаќање за износ кој надминува 10.000 еур (денарска противвредност без ДДВ) добавувачот е должен да достави банкарска гаранција за авансно уплатенниот  износ.

Понудите да се достават во електронска форма  задолжително истовремено на трите следни e-mail адреси:

margarita.gulevska@openthewindows.org 

ajordanovska@openthewindows.org

vjakjimovski@openthewindows.org

По можност понудите во електронска форма треба да содржат комерцијален и технички дел:

  • Комерцијалниот дел од понудите треба да содржи цени, услови на плаќање, рок на испорака и сл.
  • Техничкиот дел од понудите треба да содржи техничка документација за понудената опрема.

Комерцијалниот и техничкиот дел од понудите да бидат одвоени како посебни документи.

Техничкиот дел од понудите треба да има почетна страна и опис исти како и комерцијалните понуди но без поединечна цена и вкупен износ.

Понудите да имаат важност од најмалку 90 дена од денот на доставување на понудата.

Рокот за доставување на понуди е 06.10.2023 година до 17:00 часот.

За сите појаснувања ве молиме да не контактирате пред поднесувањето на понудите.

Со избраниот понудувач ќе се склучи договор, каде подетално ќе се регулираат меѓусебните права и обврски.