Здружението за асистивна технологија Отворете ги прозорците – Скопје објавува оглас за вработување на Координатор за финансии и администрација
Работни задачи:
- организирање и водење тековна финансиска евиденција (општа и проектна);
- организирање и координирање нa тековна администрација;
- подготовка на документација за книжење, и редовна комуникација и координација со надворешната книговодствена компанија
- подготовка на годишен организациски буџет за фискалната година;
- подготовка и следење на годишен организациски паричен тек
- подготовка на годишен организациски финансиски извештај за фискалната година;
- подготовка на буџети за проектите;
- подготовка на финансиски извештаи за проектите;
- подготовка на извештаи, документација и координација на активности за надворешна финансиска ревизија на проекти
- следење на буџетите на проектите;
- финансиски трансакции од сметка на Здружението;
- организирање и координирање на набавки;
- организирање и координирање подготовка на договори, барања, одлуки и сл. за потребите на Здружението;
Потребни квалификации:
- завршено високо образование и стекната диплома (стручна подготовка од VII степен на образование) од областа на финансии, економски науки, бизнис администрација;
- активно познавање на англиски јазик;
- напредно познавање на работа со компјутер;
- претходно работно искуство со финансии;
- претходно работно искуство во граѓански сектор ќе се смета за предност.
Работникот ќе биде пријавен со полно работно време од 40 часа неделно.
Сите заинтересирани кандидати/ки, своите кратки биографии и мотивациони писма да ги испратат, најдоцна до 15.12.2024 година на следната адреса: vjakjimovski@openthewindows.org.