Languages

Проект на УСАИД за е-пристапно образование

Датум на започнување: 15 февруари, 2010 Датум на завршување: 30 јуни, 2015 Буџет: $495,960

лого на проектот за е-пристапно образование

Цели

Придонес кон поттикнување на инклузијата и активно учество на учениците со попреченост во редовното образование преку:

·         Овозможување пристап до компјутери и интернет за учениците со попреченост преку употреба на асистивна  технологија (како тастатура со големи копчиња, тракбол и џојстик, како и пристапни софтверски опции);

·         Зголемување на способностите на наставникот за работа со нови технологии кои им помагаат на овие ученици; и

·         Вклучување на релевантни чинители во создавање на средина во која децата со попреченост можат да добијат подобро образование. 

Компоненти на Фаза 2 (јули 2012 – јуни 2014)

·         Ресурси:

  • Прилагодување на најмалку 20 учебници од основното образование во е-пристапен формат за да може да ги користат ученици со различни видови попреченост;
  • Изработка на софтверска апликација за олеснување на описменувањето (стекнување вештини за читање и пишување) на ученици со попреченост;
  • Подготовка на прирачник за наставници за спроведување инклузивни наставни практики кои вклучуваат примена на компјутер.   

·         Поддршка за училиштата:

  • Консултативна поддршка на 30 избрани училишта за примена на асистивна  технологија во нивната секојдневна работа со учениците со попреченост;
  • Обука за училишните дефектолози и стручни тимови за користење асистивна  технологија во наставата;   
  • Обезбедување асистивни компјутерски уреди за 30 ученици со попреченост од училиштата вклучени во проектот.

·         Јавни политики:

  • Организирање студиска посета за претставници од националните образовни институции (Министерството за образование и наука, Бирото за развој на образованието, Државниот просветен инспекторат) во држава на ЕУ напредна во поглед на употреба на асистивна технологија во образованието;
  • Подготовка на компаративна студија за користењето асистивна технологија во Македонија и посетената ЕУ држава;
  • Организирање на пет регионални информативни работилници со цел да се олесни размената на информации и добри практики за користење асистивна технологија меѓу претставниците од јавните институции, училиштата, граѓанските организации, медиумите и родителите.

Достигнувања од Фаза 1 (февруари 2010 – јуни 2012)

·         За прв пат спроведено национално истражување за потребите на основните училишта во поглед на користењето ИКТ во работата со ученици со посебни образовни потреби; 

·         Опремени 21 основно училиште со асистивна периферна компјутерска опрема која им овозможува на учениците со посебни образовни потреби да ги користат компјутерите и да го зголемат нивото на нивната самодоверба и постигнувања; 

·         Координирана локализацијата на образовниот софтверски пакет G-Compris кој содржи над 100 едукативни игри за користење во сите основни училишта во Македонија;

·         Обучени над 400 наставници, стручни соработници, претставници од општини и БРО и родители за инклузивни практики на учење и користење ИКТ со цел да се вклучат сите ученици во одделението;

·         Идентификувани добри практики преку регионални тркалезни маси и споделени со креаторите на политики на национална конференција во март 2012 година.