Languages

Повик за испорака на обуки

Повик за спроведување на скроени обуки и обезбедување практикантство за зголемување на вработливоста на лица со попреченост

Вовед

 

Здружението за асистивна технологија Отворете ги прозорците, бара заинтересирани фирми, организации или експерти/ки за испорака на различен вид обуки и/или обезбедување практикантство со кои би се зголемила вработливоста на група од 40 лица со попреченост. Обуката е во рамки на проектот: Вработување на лица со попреченост – одржлив модел, финансиран од Европската Унија, а спроведуван од Отворете ги прозорците во партнерство со Конект.

Целта на проектот е да поттикне еднакво и активно вклучување на лицата со попреченост на отворениот пазар на трудот преку: Подобрена вработливост и пристап на отворениот пазар на трудот за лицата со попреченост; Зајакнати капацитети на компаниите да нудат пристапни работни места и Подобрено информирање за потребите, можностите и придобивките од вработувањето лица со попреченост.

Учесниците на скроените обуки се избрани 40 лица со различен вид попреченост (телесна, интелектуална, оштетување на вид,      оштетување на слух,     комбинирана и неисклучувајќи друг вид попреченост), кои веќе поминаа обука за развивање „меки вештини“ за вработување.

 

Опис на работните задачи

Главната цел на ангажманот е испорака на скроени обуки кои се во функција на зајакнување на капацитетите и зголемување на можностите за вработување и пристап до пазарот на труд на  лицата со попреченост.   

Спроред потребите на кандидатите (40 лица со попреченост), потребна е испорака на следниве обуки и/или обезбедување практикантство:

Обуки:

1.       Архивско работење и програми за евидентирање

2.       ИТ вештини (основно/напредно ниво спред потребите на секој кандидат)

3.       Комуникациски вештини(деловна комуникација; вербална и невербална комуниција), Презентациски вештини; Управување со време и приоритети

4.       Креативен дизајн

5.       Курс по англиски (основно/напредно ниво спред потребите на секој кандидат)

6.       Раководење со проектен циклус

Практична обука во:

1.       практиканство во печатарска индустрија

2.       практиканство во шивачка компанија

3.       практиканство во козметичка компанија

4.       практиканство во услужна дејност (маркети или сл.)

5.       практична обука за примена на физиотерапија

Големината на групите ќе зависи од бројот на кандидати за секоја специфична обука. Иако кандидатите може да бидат дел од поголема група во која се спроведува соодветната обука/курс, се очекува содржината и оценката на обука да биде испорачана преку методологија која ќе биде прилагодена на потребите на секој учесник и да обезбеди висок степен на негова/нејзина интеракција и активно вклучување.

 

Потребни квалификации

Заинтересирани фирми, организации или експерти/ки треба да поседуваат:

-        Докажано искуство во дизајнирање, прилагодување и спроведување обуки со користење на интерактивни методи за учење на различни целни групи;

-        Експертиза од областа во која се конкурира и подобрување на општата вработливост;

-        Искуство во работа со лица со попреченост.

 

Потребна документација

Понудата треба да го содржи следново:

-        Детална биографија на компанијата, организацијата, експертот/ката (CV)

-        Писмо за интерес

-        Референтна листа на одржани обуки која треба да ги вклучи нарачателот, темата и целната група

Кандидатот/ката може да се пријави за спроведување на еден или повеќе различни видови обуки и/или обезбедување практична работа.

 

Критериуми за избор

Критериум за избор на обучувачите се:

-        Искуство во работа со лица со попреченост – 40 бодови

-        Експертиза во областа -  30 бодови

-        Претходно искуство во развивање и испорака на обука - 30 бодови

 

Следна фаза

Добавувачите што ќе ги поминат критериумите за избор од првата фаза, ќе бидат поканети да достават опис на обуките и финансиска понуда врз основа на проценка на потребите на кандидатите.

 

Рок за пријавување

 

Пријавите со придружната документацијата треба да се достават најдоцна до 24.02.2017 година по електронска пошта на: vjovanova@openthewindows.org