Languages

Обуки за наставници за работа со ученици со посебни образовни потреби

Вовед
Здружението за асистивна технологија Отворете ги прозорците креираше обуки за унапредување на професионалниот развој на училишниот кадар кој работи во основите и средните училишта во Република Македонија.

Обуките ќе понудат информации, знаење и практични примери и насоки во областа на инклузијата, попреченоста, асистивна технологија, работа со ученици со попреченост и слични теми.
Потребата за спроведување обуки произлегува од тековното реализирање на процесот на инклузија од една страна, како и од потребата на унапредување на професионалното искуство и развој на училишниот кадар за оваа област од друга страна.

Понудените обуки ќе им овозможат на учесниците да стекнуваат нови знаења и применуваат иновативни методи на работа со кои ќе овозможат поголема индивидуализација на наставата во согласност со индивидиуалните потреби на учениците. На овој начин ќе се унапреди инклузивната практика во училиштата.
Методологија
Карактер на обуката
Понудените обуки се наменета за возрасни лица и имаат партиципативен карактер. За спроведување на обуката предвидени се од 6 до 12 работни часа, во зависност од темата за обука, вклучувајќи ги и паузите за кафе.
Цели на обука
Општа цел: Да се придонесе кон зајакнување на капацитетот на училишниот кадар за работа со ученици со посебни образовни потреби.
Целна група на обуката
Целна група на оваа обука се одделенските и предметните наставници и претставниците на стручните служби од основни и средните училишта.
Можност за пријавување на обуката има секој наставник кој е заинтересиран за понудените теми.
Спроведувач и обучувачи

Отворете ги прозорците (ОП) е единствена организација во Македонија, но и во поширокиот регион, која развива и пренесува нови и оргинални идеи за овозможување пристап на лицата со попреченост кон информатичката технологија. ОП обезбедува услуги за лица со различен вид на попреченост, овозможувајќи им да користат компјутери и интернет преку прилагодување на технологијата на нивните потреби. Со седиште во Скопје, ОП е регистрирана во 2005 година како непрофитна граѓанска организација.

Обучувачите се едукатори во Центарот за асистивна технологија при Отворете ги прозорците, дефектолози кои имаат долгогодишно искуство во работа со лица со посебни образовни потреби, како и во осмислување и спроведување на обуки во областа на инклузијата.
Теми
Тема - Попреченост
  • Насоки за препознавање и идентификување ученици со попреченост
  • Опис на карактеристики
  • Насоки за прилагодување на средината и работа со ученици со различен тип на попреченост
Времетраење: 6 работни часа (еден ден)

Редовна цена: 6000,00 денари

Цена за наставници и вработени во државните училишта: 1500,00 денари

(формулар за пријавување)
Тема - Инклузија
  • Однос кон ученици со попреченост (медицински и социјален модел)
  • Предизвици во спроведување на инклузијата
  • Инклузивна и пристапна училишна средина
Времетраење: 6 работни часа (еден ден)

Редовна цена: 6000,00 денари

Цена за наставници и вработени во државните училишта: 1500,00 денари

(формулар за пријавување)
Тема - Асистивна технологија
  • Запознавање со асистивна технологија
  • Пристапни опции
  • Процена на потребите од асистивна технологија
  • Тим за асистивна технологија
  • Насоки за употреба на асистивна технологија во наставата
  • Следење и евидентирање на употребата на АТ
Времетраење: 12 работни часа (два дена)

Редовна цена: 10 000,00 денари

Цена за наставници и вработени во државните училишта: 2500,00 денари

(формулар за пријавување)
Тема - Методи, техники и алатки за работа со ученици со посебни образовни потреби
  • Процена на потребите на учениците со попреченост
  • Методи и техники за работа со ученици со попреченост
  • Прилагодување на училишни материјали
  • Креирање пристапни е-содржини
  • Индивидуален образовен план
Времетраење: 12 работни часа (два дена)

Редовна цена: 10 000,00 денари

Цена за наставници и вработени во државните училишта: 2500,00 денари

(формулар за пријавување)
Локација
Локациите за одржување на обуката ќе бидат избрани во зависност од учесниците. Доколку се пријават поголем број на учесници од едно училиште постои можност обуката да се одржи во училиштето.
Број на учесници
Бројот на учесници потребен за да се реализира обуката е 12 учесници за дводневна обука, односно 15 за еднодневна обука.