Languages

Завршен настан на Проектот на УСАИД за е-пристапно образование

Во четвртокот на 28 мај, Проектот на УСАИД за е-пристапно образование, имплементиран од здружението „Отворете ги прозорците“ одржа завршен настан на кој ги одбележа постигнувањета од петгодишната работа во насока на подобрување на образовните можности на учениците со попреченост во редовните училишта во Македонија.

Присутните гости го проследија говорот на американскиот заменик амбасадор Барт Путни и неколку сведоштвата на учесници во проектот кои потенцираа дека е-пристапното образование може да им го промени животот на учениците со попреченост.

 „Кога започна овој проект бев петто одделение, бев многу среќна бидејќи конечно добив компјутер со асистивни уреди. За прв пат се почуствував еднава со моите соученици. Денес имам „имејл“ и користам интернет. Компјутерот ми овозможува да бидам модерна девојка“, изјави Вера Апостоловска, осмодделенка со церебрална парализа од Скопје.

презентација на Вера. Vera's presetation

„Воведувањето на асистивна технологија во 10 проценти  од основните училишта во Македонија е добра основа за понатамошна работа на ова поле. Завршетокот на овој проект треба биде почеток на употребата на асистивната технологија во целиот образовен систем во земјата“, истакна американскиот заменик амбасадор Барт Путни.  

Од 2010 година, проектот што го имплементираше здружението „Отворете ги прозорците во соработка со релевантните национални образовни институции обезбеди асистивни уреди и пристапен образовен софтвер за 31 основно и две средни училишта. Беа одржани обуки за наставници за примена на асистивната технологија со учениците со попреченост, исто така беа изработени различни ресурсни материјали (прирачници и упатства за наставници, за прв пат е-пристапни учебници и пристапни  образовни игри за ученици). Овие пионерски активности овозможија асистивната технологија да користи како вредна алатка за вклучувањето (инклузијата) на учениците со попреченост во редовното образование во Македонија. 

присутните и аплаудираат на Вера. The guests applaud Vera.