Languages

Започна обучувањето на наставниците

Денес, здружението „Отворете ги прозорците“ во основното училиште „Јан Амос Коменски“ во Скопје, јавно ја отвори првата обука за користење асистивна (пристапна) технологија во основното образование.

Училиштето е прво од дваесетте училишта кои ќе добијат донација од асистивни уреди што овозможуваат пристап до информатичката технологија  за учениците со посебни образовни потреби. 

„Преку нашиот проект ‘Еднаков пристап за еднакви можности’, ќе обезбедиме асистивни уреди и софтвер за 20 избрани основни училишта од Македонија. Покрај тоа, ќе обучиме повеќе од 200 наставници и 100 училишни педагози психолози, училишни администратори или родители за користењето и придобивките од асистивната технологија. Ние ги охрабруваме училиштата да ја користат оваа технологија во нивната секојдневна работа со децата со посебни образовни потреби“, изјави директорот на Мисијата на УСАИД во Македонија, Роберт Вурц.

Министерот за информатичко општество и администрација, Иво Ивановски,  го поздрави започнувањето на обуките и нагласи дека иницијативата на УСАИД во голема мера го подобрува владиниот проект „Компјутер за секое дете“ како и спроведувањето на новата Национална стратегија за е-Инклузија 2011-2015. Градоначалникот Стевче Јакимовски изрази задоволство што во рамките на овој проект ќе бидат вклучени две основни училишта од општина Карпош кои служат за пример на инклузивни училишта. Општината, истакна тој, со внимание ќе го следи и ќе до поддржи спроведувањето на проектот.  

obuki_1.jpg

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

obuki_2.jpg

Проектот „Еднаков пристап за еднакви можности“ има за цел подобрување на квалитетот на образованието на учениците со посебни образовни потреби во основните училишта, преку користење асистивна (пристапна) технологија  во редовниот наставен процес. УСАИД инвестира 200 илјади долари за поддршка на проектот. 

Галеријата од настанот можете да ја погледнете тука.