Languages

Заеднички план за успешна соработка

На 1-ви јуни 2011, во „Клуб на новинари“ се одржа состанок со преставници на училиштата избрани за спроведување на програмата на УСАИД „Еднаков пристап за еднакви можности“.

Целта на состанокот беше да се дефинираат идните заеднички програмски активности.

Претставниците на училиштата добија информации за текот на програмата и за спроведеното истражување за примена на асистивната информатичка технологија во основните училишта во Македонија. Со особено внимание беа разгледани натамошните заеднички чекори: опремување на училиштата со асистивни уреди и соодветен софтвер и обуки за наставниците. Планот предложен од здружението беше подобрен со неколку идеи и предлози од страна на присутните, базирани на потребите и искуството на училиштата. 

direktori_1.jpg

1.Презентација пред присутните

direktori_2.jpg

2. Дел од учесниците на состанокот

Размената на мислења претставува почеток на соработката помеѓу „Отворете ги прозорците“ и избраните 20 основни училишта. Опремувањето и обуките се очекува да бидат завршени до крајот на декември 2011 година.