Languages

За живот и услуги во заедницата

„Отворете ги прозорците“ ја поддржува петицијата на Иницијативата за ментално здравје од Будимпешта за да се зголеми поддршката од Европската Унија за развој на сервисни служби во заедницата за лицата со хендикеп.

Петицијата ќе биде поднесена до Европскиот парламент во февруари 2013 година. 

 
Интегралниот текст на петицијата на англиски јазик можете да го најдете тука.  
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
Во текстот објавен на порталот ЕУ Обсервер, Џудит Клајн, директорка на Иницијативата за ментално здравје, појаснува дека е потребно европските структурни фондови да „бидат инвестирани за промовирање на правото на лицата со хендикеп да живеат во заедницата“. Низа социјални услуги треба да бидат достапни во заедницата и да им овозможат на лицата со хендикеп максимално да ги развијат своите потенцијали. За превод на колумната на Клајн на македонски јазик следете го линкот.
 
Како сервисна служба за лицата со хендикеп, „Отворете ги прозорците“ Ве повикува да ја поддржите оваа иницијатива така што ќе ја потпишете он-лајн петицијата достапна тука