Languages

За Карпош без дискриминација

На 24 февруари во гимназијата „Никола Карев“ се одржа јавна презентација на Законот за спречување и заштита од дискриминација, заеднички организирана од „Отворете ги прозорците“, РЦПЛИП-ПОРАКА и Општина Карпош.

Настанот, што го проследија повеќе од стотина посетители – средношколци, корисници на двете организации и нивните семејства и граѓани од општината, го отвори  Градоначалникот на Општина Карпош, Стевче Јакимовски.

На почетокот, ученици на гимназијата „Никола Карев“ ја изведоа претставата „Отворени прозорци“, напишана од нивна соученичка и посветена на Ема Аниниевска, лице со оштетен вид и корисник на услугите на „Отворете ги прозорците“. Младите актери прикажаа дел од секојдневието на лицата со хендикеп и нивните семејства, истакнувајќи дека поддршката и разбирањето од околината можат да ја победат дискриминацијата врз основа на хендикеп.

Претставничката на Министерството за труд и социјална политика Јована Тренчевска ги презентира главните одредби од Законот за спречување и заштита од дискриминација. Таа во својата презентација ги посочи механизмите и постапките за заштита на граѓаните од дискриминација на било која основа.

Затворајќи го настанот, Василка Димоска од РЦПЛИП-ПОРАКА и Владимир Лазовски од „Отворете ги прозорците“ истакнаа дека секој може да даде придонес во борбата против дискриминација.

Настанот беше организиран во рамките на проектот „Активни граѓани“ на Британскиот совет.

 

 

img_1806.jpg 

Градоначалникот го

отвара настанот 

 

img_1845.jpg 

Глумците на дело  

 

img_1825.jpg