Languages

Студиска посета за наставници од Србија

Од 10 до 13 ноември, Отворете ги прозорците беше домаќин на наставници, педагози и психолози од шест училишта од Нови Сад, Србија, на студиска посета во Македонија.

наставници како дискутираат

Гостите посетија неколку основни училишта во Скопје и Велес и имаа можност да поразговараат и да разменат искуства со своите македонски колеги.  Примената на асистивната технологија и инклузивните образовни практики во редовните училишта беа  главните теми за разговор.

„Оваа студиска посета е многу корисна за нас. Имавме можност на дело да видиме како компјутерот, асистивната технологија и подготвеноста на колегите им помагаат на учениците со попреченост  да се вклучат во редовната настава“ – изјави Даница Коцевска, одделенски наставник.

Во Министерството за образование и наука, посетителите од Србија се сретнаа со  раководителката на секторот за основно и средно образование Елена Ивановска и нејзините соработници. Тие го истакнаа значењето на асистивната технологија за модернизација и подобрување на инклузивноста на образовниот систем.

Студиската посета беше дел од проектот Активна инклузија во редовното образование, финансиран од Диаконие Австрија и спроведуван во соработка со Екуменската хуманитарна организација (ЕХО) од Нови Сад.