Languages

Средби за презентирање на изборните програми пред лица со попреченост

На 23 ноември, Отворете ги прозорците, во Хотел „Порта“, одржа две средби на кои шест политички партии ги презентираа своите изборни програми пред лица со попреченост. Целта беше лицата со попреченост да се запознаат со активностите на партиите во насока на поддршка на инклузијата.

говорниците на втората средба

На првата учесвуваа г-ѓа Маја Морачанин, претставник на ДОМ, г. Зоран Шапурич, претставник на ЛДП и г-ѓа Драгана Кипријановска, претставник на ДС. На втората на прашања одговараа, г-ѓа Маја Савеска, претставник од ВМРО-ДПМНЕ, г-ѓа Мила Царовска, претставник од СДСМ и г. Ермонд Мифтари, претставник од ДПА.

Претставниците на политичките партии ги претставија активностите што планираат да ги преземат ако победат на изборите. Присутните, претежно лица со попреченост и нивни родители, ги кажаа своите предизвици и повикаа најитно да се реши прашањето на здравствената заштита, инклузијата во образованието и лицата со попреченот да добијат квалитетни услуги што ќе им овозможат подобро вклучивање во општеството.

Во периодот што следи, здружението ќе подготви анализа на политичките програми и во еден документ ќе ги објави сите предизборни ветувања во полето на попреченоста.

Активностите се дел од проектот „Мојот глас се брои“, финансиран од Цивика Мобилитас.