Languages

Средби со политички партии

На 23 ноември во Хотел „Порта“, Отворете ги прозорците ќе оджи две средби со претставници на политички партии, кои ќе учествуваат на предвремените парламентарни избори. Целта е лицата со попреченост да се запознаат со програмите на политичките партии и нивните активности во насока на поддршка на инклузијата.

насловна на лесночитливата брошура

Средбите временски се распоредени во две групи, првата ќе се одржи од 10:00 до 12:30 часот, а втората од 12:30 до 14:30 часот, а ќе ги модерира Александар Матовски Цако.

Присутните ќе имаат можност да поставуваат прашања до претставниците на политичките партии и да се вклучат во дискусијата.

На настанот ќе биде промовирана и лесночитливата брошура, изготвена да ги поттикне лицата со попреченост да се вклучат во изборниот процес. Брошурата е достапна на македонски и албански јазик. 

Активноста е дел од проектот „Мојот глас се брои“, финансиран од програмата Цивика Мобилитас. Проектот има за цел да обезбеди пристапни и јасни информации на лицата со попреченост во врска со предвремените парламентарни избори 2016 и препораки за надминување на бариерите за нивно учество во процесот.