Languages

Социјални медиуми за „Трето доба“

На 11. јануари претставници на „Отворете ги прозорците“ одржаа предавање пред четириесетина ченови на Универзитетот „Трето доба“.
Предавањето се однесуваше на користење на социјалните медиуми Skype и Facebook, кое кај присутните предизвика голем интерес. За да се претстави функционалноста на овие медиуми, тимот организираше две видео вклучувања преку Skype, едното од канцеларијата на „Отворете ги прозорците“, а второто од Канада, при што на присутните им се обрати нивна долгогодишна пријателка. Исто така, беше отворена Facebook група на Универзитетот „Трето доба“ која во иднина ќе служи за информирање на членовите.
 
Тимот на „Отворете ги прозорците“ втор пат беше дел од редовните едукативни средби на Универзитетот „Трето доба“, што се одржуваат секој петок во просториите на Филозофскиот факултет.

1.jpg2.jpg3.jpg