Languages

Што нудите за мене?

Во пресрет на предвремените парламентарни избори, Отворете ги прозорците ја подготви анализата: Што нудите за мене? Документот нуди преглед на застапеноста на прашањето на попреченоста во предизборните програми на политичките партии. Целта е да се согледаат предизборните ветувања и да им се овозможи на гласачите да го оценат квалитетот на предложените мерки за лицата со попреченост.

насловна на анализата

Во овој документ се опфатени програмите на осум политички партии, вклучувајќи ги ВМРО ДПМНЕ, Социјалдемократски сојуз на Македонија  (СДСМ), Демократски сојуз (ДС), Либерална Партија (ЛП), Левица, Граѓанска опција за Македонија (ГРОМ), Либерално-демократска партија  (ЛДП) и  Демократска обнова на Македонија (ДОМ).

Анализата е во рамки на проектот: Мојот глас се броиподдржан од швајцарската програма Цивика Мобилитас.