Languages

Проектот Активна инклузија меѓу 86 иновативни практики во светот

Проектот на Отворете ги прозорците и организацијата ЕХО од Нови Сад влезе во овогодишното издание на извештајот на Проектот Зеро и се вброја меѓу 86 иновативни проекти во областа на инклузијата и информациско комуникациските технологии во образованието.

ученик во училница користи тастатура со големи копчиња

Проектот Активна инклузија, финансиран од Диаконие Австрија, овозможи шест основни училишта од Нови Сад да добијат асистивни уреди и софтвер. Наставниците добија обука и имаа можност и да разменат искуства со македонските колеги на организараната студиска посета.

Проектот Зеро се спроведува од 2012 година и оттогаш ја шири мрежата на соработници, која денес ја сочинуваат повеќе од три илјади експерти во областа на попреченоста од повеќе од 150 земји ширум светот.

Проектот се фокусира на правата на лицата со попреченост на глобално ниво и обезбедува платформа каде што се споделуваат повеќе иновативни и ефективни решенија за проблемите со кои се соочуваат лицата со попреченост. Единствена цел на проектот е да се помогне во создавањето на свет без бариери.

Секоја година се истражува одредена тема за што се подготвува извештај и се одржува конференција на која главна тема се резултатите од истражувањето. Оваа година се истажуваше инклузивното образование и ИКТ, а конференцијата ќе се одржи од 10-12 февруари во Виена. Заинтересираните можат да проследат конференцијата во живо на линкот.