Languages

Презентација на искуствата на лицата со попреченост поврзани со изборниот процес

На 28 декември, во хотел Порта, Отворете ги прозорците одржа тркалезна маса на која ги презентираше искуствата и препораките на лицата со попреченост поврзани со изборниот процес.

На средбата присуствуваа лица со попреченост, нивни родители, организации кои работат на поле на попреченост и претставници на политички партии.

Извештајот со препораките е достапен на македонски, албански и англиски јазик.