Languages

Почеток на едно дружење

Во текот на оваа недела, корисниците на Центарот за асистивна технологија се дружеа со ученици од гимназијата „Јосип Броз Тито“ од Скопје.
Со заеднички сили и во празнична атмосфера, тие изработија честитки на кои ги прикажаа своите новогодишни желби, претходно запишани на компјутер и отпечатени на хартија во боја. „Нов компјутер, топка, чоколоди“, „да запознаам нови пријатели“ беа само дел од новогодишните пораки на корисниците на „Отворете ги прозорците“. 

Оваа соработка со гимназијата започна на почетокот на декември, кога претставници на здружението одржаа презентација за учениците од програмата за Меѓународна матура. Дружењето помеѓу корисниците на Центарот и учениците ќе продолжи и следната година.

1.jpg3.jpg2.jpg