Languages

Обука за училишта од Нови Сад

Во октомври, Отворете ги прозорците одржа обука за користење асистивна технологија за седум редовни основни училишта од Нови Сад, Србија.

дел од учесниците на обуката

Два дена, 15 наставници, педагози и психолози низ практични примери учеа како да ја употребат технологијата за активно да ги вклучат учениците со попреченост во наставата.

Учесниците високо ја оценија обуката и сметаат дека ќе им користи:  „Одлична и многу корисна обука. Практични и применливи примери, корисни за нашата секојдневна работа“.

Во ноември, дел од учесниците ќе дојдат во Скопје да го посетат Центарот за асистивна технологија и неколку основни училишта од Македонија кои веќе неколку години користат асистивна технологија во наставата.

Активностите се дел од проектот Активна инклузија во редовното образование, кој Отворете ги прозорците го спроведува со партнерите од Екуменската Хуманитарна Организација (ЕХО) од Нови Сад. Проектот го финансира Диаконие од Австрија.